Home Актуелно Четврток носи стабилно и сончево време

Четврток носи стабилно и сончево време

Денес, четврток, 20 август, времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер најизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе се движи од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степен. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со повремен засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 30 степени.

Утре уште од претпладне ќе дува умерен до засилен северозападен ветер најизразен долж Повардарието и на повисоките места. Од утре следува и период на претежно сончево време со пораст на дневната температура, а по викендот повторно ќе биде нестабилно.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…