Home Актуелно Четири нови смртни случаи од коронавирус и 26 нови случаи на регистрирани заразени

Четири нови смртни случаи од коронавирус и 26 нови случаи на регистрирани заразени

Според најновите статистички податоци кои ги објави Министерството за здравство во врска со состојбата со коронавирусот во Македонија, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти; пациентка од Скопје (79г), пациент од Велес (58г), пациент од Прилеп (67г) и уште еден пациент од Скопје (63г).

Денеска во Штип се регистрирани 3 оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови.

Во изминатите 24 часа се дијагностицирани 26 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје -4, Куманово – 11, Прилеп – 3, Тетово -4, Велес – 2, Кочани -1 и Пробиштип -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 854 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:
Скопје – 316
Куманово – 211
Дебар – 49
Штип-27
Прилеп –75
Тетово – 37
Струга – 43
Велес – 32
Битола –9
Охрид –4
Кавадарци – 3
Гостивар –8
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-3
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 22
Пробиштип – 2

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…