Четири нови смртни случаи на заразени од коронавирус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според најновите статистички податоци од Министерството за здравство, регистрирани уште 4 нови смртни случаи на заразени со корона вирусот, со што вкупната бројка на починати се искачи на 77.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 62 години, а во ГОБ 8 септември почина пациентка од Гостивар на 59 години.

Во денешниот извештај на Институтот се евидентирани и две починати лица од околината на Куманово, на возраст од 72 и 79 години, пациентка која се лекувала во домашни услови и пациентка која се лекувала на инфективното одделение во болницата во Куманово“, информираат од Министерството за здравство.