Четири лица избодени од непознато машко лице во Норвешка

Четири лица биле избодени од непознат напаѓач во југоисточна Норвешка, соопшти тамошната полиција.

Како што објавуваат медиумите, повредени се четири лица, од кои едно потешко. Според последните информации, акцијата сè уште трае, а дојавата за нападот полицијата ја добила во 8 часот и 47 минути по локално време.

Очевидци тврдат дека на место на настанот имало неколку амбулантни возила и три хеликоптери.

Набргу по нападот, норвешката полиција соопшти дека го уапсила осомничениот за инцидентот. Една од жртвите се наоѓа во критична состојба.

Случајот во полиција бил пријавен утрово во 8:50 часот по локално време, а на местото на настанот набргу стигнале неколку амбулантни возила и три хеликоптери.