Home Шоубизнис Честито, Ричард Гир – уште еднаш татко на 71 година

Честито, Ричард Гир – уште еднаш татко на 71 година

Холивудската актерска ѕвезда и општествен активист, Ричард Гир, повторно стана татко на 71-годишна возраст. Неговата сопруга, 37-годишната шпанската активистка Алехандра Силва, му роди уште еден син.

Алехандра се породила во тајност, а ова е вториот син за неа и Ричард Гир.

И Ричард и неговата сопруга веќе имаат деца од претходните бракови. Гир го има 20-годишниот Хомер од бракот со Кери Ловел, а Алехандра 7-годишниот Алберт.

Ричард и Алехандра се венчаа во 2018 година на ранчот на глумецот во Њујорк, каде што и сега се во изолација поради коронавирусот.

„Се чувствувам како да сум во вистинска бајка. Без сомнение, се чувствувам како најсреќната жена на светот“, изјави претходно сопругата на Гир.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Џо Круз заминува од „Чикаго во пламен“ — дали има надеж за негово враќање?

Џо Мињосо се збогува со улогата на Џо Круз на 4 ноември, пред јубилејната 300. епизода на …