Честитки по повод големиот празник Успение на Пресвета Богородица


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Политичарите денеска упатија честитки до поглаварот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија г.г. Стефан и православните верници по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, повика сите заедно, сполотени, да се стремиме кон подобра иднина, преку заемна почит и разбирање, посакувајќи им на сите православни христијани во Републикава празникот да го поминат исполнети со многу здравје, среќа и спокој.

Александар Кирацовски, генералниот секретар на СДСМ во име на партијата испрати порака за сплотеност, мир и заедништво кон вистинските вредности што носат почит и напредок за сите.

– Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во свое лично име Ви го честитам денешниот празник Успение на Пресвета Богородица. Во овие мигови на спокој испраќаме порака за сплотеност, посветеност и заедништво кон вистинските вредности. Да бидеме скромни и горди во денешното празнување и да се сплотиме околу заедничките вредности што носат мир, меѓусебна почит и напредок за сите. Нека е за многу години денешниот празник и нека не води кон посветла и подобра иднина за сите нас, пишува Кирацовски во честитката

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски посака здравје, спокој, радост, мир и разбирање во секое семејство.

Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица. Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта. Се слави нејзиното заспивање, бидејќи таа не помина низ смртта како враќање на правот на правот. Веднаш по нејзината смрт таа е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога.

Извор: АлсатМ