Home Актуелно Чешкиот, полскиот и словенечкиот премиер со воз заминаа за Киев

Чешкиот, полскиот и словенечкиот премиер со воз заминаа за Киев

Премиерите на Чешка, Полска и Словенија денеска со воз заминаа за украинскиот главен град Киев со цел да ја пренесат поддршката од Европската унија за Украина.

Петр Фјала, Матеуш Моравјецки и Јанез Јанша се првите европски лидери кои ќе ја посетат Украина откако започна руската инвазија.

-Патот за Киев се случува на 20. ден од криминалната агресија на Владимир Путин на Украина. Во вака пресвртни времиња за светот, наша должност е да бидеме таму каде што историјата се кова. Ова е за иднината на нашите деца кои заслужуваат да живеат во свет без тиранија, напиша полскиот премиер Моравјецки на Фејсбук.

Инаку, и утринава продолжија гранатирањата на Киев, а две лица го загубија животот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…