Home Мода и убавина Чери нокти: 6 идеи за најпопуларниот маникир оваа сезона

Чери нокти: 6 идеи за најпопуларниот маникир оваа сезона

Кога размислувате каков летен маникир да изберете, „цреша нокти“ веројатно не е првото нешто што ви паѓа на памет.

Меѓутоа, ова лето работите се менуваат. Ако редовно ги следите познатите инфлуенсер(к)и на социјалните мрежи, како и ѕвезди како Хејли Бибер и Куртни Кардашијан, ќе забележите дека маникирот инспириран од цреши стана вистински хит.

Да бидеме искрени, црешите – и генерално маникирите со овошни мотиви – носат едно чувство на безгрижност и носталгија. Без разлика дали се интегрирани во модна комбинација со облека и аксесоари или во летниот стајлинг на вашите нокти, тие се симбол на радосен дух. Како и со поголемиот дел од трендовите, постојат безброј начини на кои можете да го прифатите трендот со цреша нокти.

Инстаграм е преполн со инспирации за нокти – од класични дизајни со транспарентна основа и мали црвени цреши, до безвременски варијанти како француски маникир, па сè до иновативни идеи како комбинација на трендот со хром-ефект и цреши. За љубителките на максимализмот, идеални се основи со линии и живописни бои, врз кои детаљите со цреши совршено се истакнуваат и го збогатуваат летниот изглед на ноктите.

Погледнете ја галеријата подолу и откријте шест предлози што ќе ве инспирираат за најпопуларниот маникир сезонава.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

СПФ секогаш при рака: 6 стикчиња за заштита од сонце во движење

SPF во џеб: 6 стикчиња за заштита од сонце додека си во движење Во време кога веќе немаме …