Чеченците го заземаат местото на „Вагнер“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Министерство за одбрана на Русија денеска потпиша договор со чеченската специјална единица „Ахмат“, еден ден откако паравоената формација „Вагнер“ предводена од сопственикот и врховен командант Евгениј Пригожин го одби потпишувањето на таков договор.

Многумина единицата „Ахмат“ ја нарекуваат приватна војска на водачот на чеченскиот регион Рамзан Кадиров, кој за разлика од Пригожин се воздржува од критики кон Министерството за одбрана, пренесува Ројтерс.

Командантот на „Ахмат“, Апти Алаудинов, кој учествуваше во потпишувањето на договорот, се наведува дека рекол дека единицата „подготвила и испратила десетици илјади доброволци“ во Украина во последните 15 месеци колку што трае војната.

Заменик-началникот на рускиот Генералштаб Алексеј Ким по потпишувањето на договорот со Чеченците изјави дека се надева оти и други доброволни единици ќе го следат нивниот пример.

„Мислам дека ова е многу добра работа“, оцени Алаудинов.

Агенцијата наведува дека потпишувањето дојде по наредбата дека сите „доброволни единици“ треба да потпишат договори до 1 јули, со што ќе бидат ставени под контрола на министерот за одбрана Сергеј Шојгу, додека Москва се обидува да ја утврди контролата над приватните армии кои се борат во нејзино име во Украина.

Се додава дека доброволците ќе ги добијат истите бенефиции и заштита како и редовните војници, вклучително и поддршка за нив и нивните семејства во случај да бидат ранети или убиени.

Евгениј Пригожин претходно изјави дека Шојгу не може правилно да управува со воените формации.

Тој претходно ја обвини Москва дека не обезбедува доволно муниција за „Вагнер“ и во неделата рече дека неговата формација нема да потпише никаков договор.