октомври 04, 2026

Таратур

  • Најнови вести
  • Живот и здравје
  • Љубов и секс
  • Мода и убавина
  • Шоубизнис
  • Вебкафе
    • Актуелно
    • Наука и техонологија
    • Мајтап
    • Убавините на Македонија
  • Рецепти
  • Казино игри
    • Рулет
    • Блекџек
  • LOVEGURU.MK
Home Актуелно (Страна 844)

Актуелно

Средби на Пендаровски со јапонската амбасадорка и холандскиот амбасадор

Од A V
13:41, 17 мај
во :  Актуелно

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше официјални средби со јапонската амбасадорка Кеико Хенеда и холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп, кои се официјални дипломати на своите земји во Македонија, пренесува Макфакс. Двајцата први дипломати му упатија честитки на Пендаровски за стапувањето на функцијата, му посакаа успешна работа и изразија уверување за унапредување на односите на Македонија со нивните држави во периодот што …

Прочитај повеќе

За адвокатот Еленко Миланов во случајот „Диво Насеље“ нема основа за тероризам

Од A V
11:49, 17 мај
во :  Актуелно

Денес, во речиси празна сала во Врховниот суд во Скопје, продолжи јавната седница за жалбите на 33-цата осудени во случајот „Диво Насеље“. Во судница се само двајца обвинети, кои во првостепена постапка добија ослободителни пресуди и еден осуден на 12 години затвор, спроведен од куќен притвор, како и голем број адвокати, јавност и новинари. Адвокатот Еленко Миланов, рече дека основна …

Прочитај повеќе

СПЦ бара да се обнови дијалогот со МПЦ-ОА

Од A V
07:37, 17 мај
во :  Актуелно

Синодот на Српската православна црква донел одлука за обновување на преговорите за решавање на статусот на Македонската православна црква и продолжување разговорите за тоа со нејзини претставници, пренесуваат српските медиуми. Српската црква планира да ја превенира одлуката на Вселенската патријаршија која деновиве почна да одлучува за статусот на Македонската православна црква и со најавата за преговори сакаат да ги одземат …

Прочитај повеќе

Обвинителството ќе постапува за случајот „Павле Богоевски“

Од Taratur.com
17:21, 16 мај
во :  Актуелно

Скопското обвинителство побарало МВР да го утврди идентитет на сопственикот на профилот Илија Громовник кој ја објави снимката на пратеникот Павле Богоевски, а на која наводно се слуша како народниот избраник нарачува кокаин. Наредбите се издадени со цел да се преземе кривичен прогон, соопштуваат од јавното обвинителството. Од таму најавуваат дека се можни истраги и за пријавата на Богоевски за …

Прочитај повеќе

Пцовки, викање и дофрлање „Ова е Албанија“ – хаос на судењето за „Диво Насеље“

Од A V
16:38, 16 мај
во :  Актуелно

Откако со едноминутен молк им оддадоа почит на загинатите во оружениот судир во кумановската населба „Диво Насеље“, обвинетите и неправосилно осудени од овој случај направија хаос во судницата пцуејќи, дофрлајќи недолични зборови кон петмината судии од Апелација задолжени за случајот и довикувајќи потоа „Зборувајте албански, ова е Албанија“. Наместо разгледување на жалбите, за денешната расправа, обвинетите имаа барање напишано на …

Прочитај повеќе

Откако се самопријави: ОЈО смета дека во случајот со Богоевски нема кривично дело

Од A V
15:14, 16 мај
во :  Актуелно

Откако денес пратеникот од владејачката СДСМ, Павле Богоевски, се појави во скопското јавно обвинителство за да се самопријави со признание дека нелегално набавувал масло од канабис за негов близок пријател, од ОЈО одбиле да му земат исказ на Богоевски и да покренат постапка, бидејќи сметаат дека нема кривично дело во случајот, пренесува Фокус. Според неофицијални информации Обвинителство не може да …

Прочитај повеќе

Охрид на работ од црна листа на УНЕСКО и губење на статусот на заштитено светско наследство

Од A V
13:31, 16 мај
во :  Актуелно

Охрид сериозно го ризикува својот статус во УНЕСКО како заштитено светско културно наследство и е на работ да се вброи на листата со места со светско и културно наследство во опасност. Ова го велат еколозите, според кои државата и градот немаат реализирано повеќе од половина од 19-те забелешки на Реактивната мисија на УНЕСКО, што ќе бидат разгледувани на специјална сесија …

Прочитај повеќе

Анализата покажа преголемо присуство на железо во кавадаречките грозје, зелка и пиперки

Од A V
09:38, 16 мај
во :  Актуелно

Резултатите од направената анализа покажаа присуство на железо петнаесет пати над максимално дозволената концентрација во грозје во кавадаречко, над 20 пати над максимално дозволеното овој метал бил присутен и кај зелка, а концентрацијата му била сериозна и кај примерок од пиперка, пренесува Нова ТВ. Се покажало дека зелката екстрахира и никел, кој, пак, бил присутен со мала вредност во пиперката, …

Прочитај повеќе

Вселенската патријаршија реши да го отвори прашањето за статусот на македонската црква

Од A V
08:02, 16 мај
во :  Актуелно

Вселенскиот патријарх Вартоломеј реши да го отвори прашањето за решавање на конечниот статус на македонската црква, одлука која е донесена врз основа на барањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и македонската Влада. Иако во соопштението од Вселенската патријаршија не се соопштуваат детали за разговорот по ова прашање, сепак поставувањето на дневен ред, како што велат аналитичарите, значи ставање …

Прочитај повеќе

Осудените во случајот „Диво насеље“ денес повторно во судница

Од A V
07:38, 16 мај
во :  Актуелно

Неправосилно осудените од постапката за Диво Насеље денес повторно ќе бидат спроведени во суд, бидејќи за денес и за в петок Апелацискиот суд во Скопје закажа јавни седници на кои ќе се чита првостепената пресуда и ќе се разгледуваат жалбите кои се поднесени по нејзиното донесување, пренесува Мкд.мк. Поради обемноста на предметот, големиот број на обвинети, бранители, како и медиуми, …

Прочитај повеќе
1...843844845...1.550Страна 844 од 1.550

Роузи Хантингтон-Вајтли го носи најголемиот тренд оваа есен

11 часа

Париз овие денови, како што се очекуваше, е центарот на модниот свет. Од Џенифер Лопез и Џенифер Лоренс, па до Роузи Хантингтон-Вајтли, многу ѕвезди пристигнаа на Парискиот моден викенд, а уличниот стил околу ревиите е речиси подеднакво интересен како и она што се случува на пистите. Особено се чини дека интересот на холивудските имиња за ревиите […]

Флоренс Пју забележана на шопинг со момчето Фин Кол на денот на премиерата на „Исток од рајот“

12 часа

Адријана Лима повторно во центарот на вниманието: Се појави во Париз и предизвика бројни реакции со својот изглед

12 часа

Семејството на Рене Гуд ја тужи администрацијата на Трамп по пукањето од агент на ИЦЕ

12 часа

Баба од „Куќата на ужасите“ ги издржувала сите откако 16 внуци се вселиле

13 часа

Келти Најт зборува за влијанието на Прозак врз нејзиниот сексуален нагон

13 часа

Џим Кери се ожени по трет пат: Љубовта со 31 година помладата партнерка ја круниса со венчавка

13 часа

Ешли Тисдејл призна дека сакала да се разведе од сопругот Кристофер Френч поради постпородилна депресија

14 часа

Хороскоп за 2 октомври 2026: Пресвртни моменти за Вагите

14 часа

„Урбан рикавери“: Новиот тренд за патување и места во Србија за вистински одмор од градот

14 часа

Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

Согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри не е дозволено физичко лице да учествува во странски игри на среќа, во кои влоговите се уплаќаат на територијата на Македонија.


© Copyright 2025, Taratur.com