Хелсиншкиот комитет за времетраењето на кризната состојба непрекинато продолжи да им обезбедува бесплатна правна помош на сите работници. Во периодот од 10 март до 30 јуни регистриравме 197 случаи на повреди на правата од работен однос, кои се однесуваа на 2723 работници. Повеќе од 60 отсто од пријавите се однесуваа на работничките со што кризата неизбежно доби и родова димензија. …