Бургунди омбре нокти – есенскиот тренд што секоја љубителка на стилот треба да го проба
Оваа есен, омбре ноктите во длабоки и богати бургунди нијанси стануваат апсолутен хит во светот на маникирот. Без разлика дали се одлучувате за класичен омбре со суптилен премин на бои, или пак ќе додадете хром ефект и бисерни детали, исходот е секогаш модерен, софистициран и исполнет со карактер.
Доколку ви е потребна инспирација, овие топ есенски изгледи за нокти се вистинско модно уживање!
Со хром финиш
Совршен избор за топол и пријатен омбре изглед – светлорозова боја што нежно преминува во бургунди нијанса. Централниот омбре премин дава софистициран баланс, а завршниот акцент е хром пудра нанесена врз лакот, која го збогатува изгледот со дискретен и елегантен сјај.
Cherry Mocha омбре
Идеално за оние што преферираат посуптилни комбинации – нијанси на темноцрвена и вишнево-кафеава даваат префинет и ненаметлив маникир. Завршете со сјаен топ-лак и имате идеален изглед за секојдневие или специјална пригода.
Бургунди омбре француски маникир
Ако сакате впечатлив изглед, тогаш бургунди омбре со светкав прашок на врвовите во стил на француски маникир е вистински избор. Делува гламурозно, притоа не е нападно, и го дава она „нешто“ што ќе ве направи забележливи. Ова дефинитивно е предлог што треба да се најде на вашата листа оваа сезона.
Со срценца
Уште една слатка верзија на францускиот маникир – бургунди линија на врвот од ноктот, украсена со мали срценца во розова боја и суптилен сребрен сјај на краевите. Создава игрив и женствен ефект кој плени.
3Д бургунди омбре нокти
Дизајните со тро-димензионален ефект сè уште се во мода, а во комбинација со бургунди омбре делуваат модерно и екстравагантно. За ваков изглед, изберете „постудени“ нијанси или нанесете бел лак врз кој ќе додадете хром пудра – за металик финиш што совршено се комбинира со темноцрвената основа и привлекува внимание.
Заклучок
Бургунди омбре ноктите оваа есен не се само уште еден маникир – тие се моден израз, доза на луксуз и дополнителен детал што секој аутфит го издигнува на повисоко ниво.