Будисављевиќ, осомничен со актерката Стојановска за шверц на кокаин, беше дел и од аферата со Мадам Пепи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако вчера, како осомничена во акцијата „Кокаин“ во врска со запленети 700 килограми кокаин во Шпанија, беше уапсена и изведена пред судија познатата македонска актерка Силвија Стојановска, од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција велат дека во интерес на истрагата нема да споделуваат информации со јавноста.

Поради овој недостаток на најрелевантни и прецизни податоци и детали, засега останува непознат начинот на вмешаност на актерката во оваа афера.

Заедно со актерката беше уапсен и нејзиниот партнер Војислав Будисављевиќ, кој во 2010 година беше осуден заедно со Мадам Пепи, односно Персида Момировска, во аферата шверц на кокаин и брендирана облека, пренесува Фокус.

Сепак, според првостепената пресуда, Будисављевиќ никогаш не беше суден за овие дела, односно тој одговараше само за фалсификување на службена исправа, бидејќи во станот на Мадам Пепи беа најдени негови фалсификувани лични документи, односно фалс бугарски пасош, лична карта и возачка дозвола, кои се воедел на името Симов Лазо.

Будисављевиќ беше осуден на казна затвор од три години и шест месеци, а Мадам Пепи на 4 години и 11 месеци. Во текот на судењето Момировска призна дека дел од стоката ја продавала без да плати давачки кон државата, но негираше поврзаност со пратката кокаин од Перу.

На Будисављевиќ му се судеше во отсуство, а во 2014 година беше екстрадиран од Белгија.

За новата акција „Кокаин“, засега само е познато дека е дел од меѓународна истрага за откривање на мрежа за меѓународна трговија со дрога и незаконски меѓународни трансакции. Стојановска е во домашен притвор, а Будисављевиќ е во притвор во истражниот затвор „Скопје“.