
Ко-орд сетовите се летниот хит што носи идеален спој на стил и удобност – вистинска магија за сите жени што сакаат да изгледаат средено без многу размислување.
Замислете го следново: го започнувате утрото во лесни, усогласени комплети со удобни сандали, попладнето ги комбинирате со еспадрили, а навечер само додавате впечатлив накит и сте подготвени за излегување на rooftop бар. Без губење време, без многу размислување – само чиста, лесна и ефективна елеганција.
Летната сезона ни носи цела палета на лесни природни материјали како лен и памук, во нијанси од нежна жолта како путер, преку вибрантна фуксија, па сè до тиркизни и лайм зелени тонови. За љубителките на минимализмот – тука се класични неутрални бои кои никогаш не излегуваат од мода, а оние похрабрите може да се поиграат со силни принтови – сепак, јули е тука да се живее и ужива!
Ако се прашувате дали ко-орд сетовите одговараат на секоја фигура – одговорот е гласен и јасен: ДА! Сè е до вистинскиот крој и форма. Пониските девојки добиваат визуелна висина со краток топ и долга, разиграна сукња. За оние со изразени облини – идеални се широки, флуидни панталони и oversize кошули кои ја ласкаат фигурата. Високите дами пак – слободно можат да експериментираат со кратки шорцеви и oversize парчиња без двоумење.
На крајот на денот, летото бара едноставност што изгледа како да сте вложиле часови во стилизирање, а во реалноста – само сте го избрале вистинскиот сет. Зашто, која има време да се “мачи” со облекување кога термометарот покажува 38°C?
Погледнете ја галеријата со нашите фаворити и одберете го вашиот омилен пар.