Home Шоубизнис Британски Times: Тоше ги надмина бариерите меѓу народите на Балканот

Британски Times: Тоше ги надмина бариерите меѓу народите на Балканот

Во своето електронско издание, британски Times, му посвети статија на легендарниот македонски пејач Тоше Проески во рубриката за животот и работата на познатите британски и светски научници, политичари или уметници.

Најпопуларниот пејач на Балканот, пишува Times, во текот на својот краток живот, кој на 16 октомври го прекина тешката сообраќајна несреќа, успеа како никој пред него да ја надмине разликата меѓу народот и културата на просторот на југот на Европа каде последните децении беа одбележани со војни и кризи.

Веста за смртта на Тоше Проески во поранешните републики е примена со шок сличен на оној кој своевремено го доживеаа обожувателите на Елвис Присли или Џон Ленон, пишува Times, додавајќи дека собранието во државата на денот ја прекина седницата и целиот народ излезе на плоштадот или во некоја од црквите со цел да запали свеќа или однесе цвеќе во негова чест. Исто така се наведува дека Проески, покрај тоа што изгради успешна кариера како музичар, беше и амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ.

На хуманитарните концерти низ целиот Балкан тој неуморно собираше помош за сиромашните и децата со пречки во развојот, а парите ги вложувал и во изградба на училишта во својата родна Македонија, додава Times.

Последниот концерт, кој се одржа на 5 октомври во Скопје пред 30.000 посетители од сите републики на поранешна Југославија, Проески по свој обичај го заврши со зборовите „Сите ве сакам“, пишува Times.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…