Британија ја тресе педофилски скандал: Стотици деца со децении биле сексуално злоупотребувани во домови во Лондон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според податоците до кои дојде јавната истрага во Британија за сексуално малтретирање деца неколку стотици деца биле изложени на „тешко сфатливи“ нивоа на злоставување и занемарување во текот на неколку децении.

Независната истрага за сексуално малтретирање на децата наведе дека социјалните работници во општината Ламбет во јужен Лондон меѓу шеесеттите и деведесеттите години од минатиот век се однесувале кон децата како да се „безвредни“.

Кажано е дека вработени во општината јужен Лондон „ги изложиле ранливите деца“ на сексуални престапници кои се инфилтрирале во домовите за сираци и старателските семејства со „разорни, доживотни последици по жртвите“.

Кога децата се жалеле главно не им верувале.

„Во текот на неколку децении во домовите и старателските семејства претрпеле нивоа на суровост и сексуално малтретирање кои се тешки за сфаќање“, кажа шефицата на истрагата Алексис Џеј.

Авторите на извештајот кои собрале докази за силувања, малтретирања и сексуално злоставување на децата наведоа дека 705 поранешни корисници на три дома пријавиле сексуално и други видови малтретирање, но дека за четириесет години само еден од вработените бил дисциплински казнет.

Во извештајот се наведува дека многу вработени покажувале „бесчувствителна негрижа за ранливите деца“ иако биле платени да се грижат за нив, како и дека „расизмот е евидентен во непријателското и насилно однесување“ кон црните деца.

Авторите на извештајот ја повикале полицијата да разгледа дали постои основа за отворање кривична истрага за смртта на едно момче, кое се убило во дом во 1977 година, а претходно се жалел дека го малтретира еден постар вработен.

Повеќегодишната истрага е отворена по смртта на британскиот водител Џими Севил во 2011 година, кој водеше и детски емисии, кога десетина лица пријавија дека ги злоставувал.

Истрагата сега е насочена на пропустите во заштитата на децата во повеќе средини, вклучува ги школите кои ги водат црквите, поправните домови за малолетници, а вкупниот извештај ќе биде објавен следната година.