Пејсли дезенот, магичниот ретро мотив од седумдесеттите, повторно се наоѓа во центарот на вниманието и го диктира бохо ритамот на модерната мода.
Некаде симбол на слободниот дух на хипи генерацијата, денес се враќа во освежена, шик верзија – подготвен да го освои уличниот стил и профилите на социјалните мрежи.
Фустани што изгледаат како бохо сон, предимензионирани кошули што се нишаат на ветерот, чанти со етно детаљи и аксесоари со егзотичен шмек – сето тоа ја спојува носталгијата и модерниот моден момент. Пејсли дезенот ја менува својата порака: од симбол на контракултура во впечатлив принт што додава доза елеганција и безгрижен гламур во секоја комбинација.
Бохо естетиката никогаш не била поизразена – флуидни силуети, природни материјали и живописна палета се неизбежни за оние што сакаат да се истакнат и да ја изразат својата индивидуалност. Токму затоа, овие 15 клучни парчиња со иконичниот дезен стануваат неопходен дел од гардеробата, бидејќи секоја девојка што ја сака модата знае – вистинскиот момент за бохо-шик е токму сега.
Откријте ги во галеријата на фотографии.