Home Вебкафе Блогерка користела сперма како третман за мозолчиња: „Морам да признаам дека тоа делува“

Блогерка користела сперма како третман за мозолчиња: „Морам да признаам дека тоа делува“

Ангела Ноуси е блогерка од Нигерија чии приказни и совети врзани со сексот ги следат повеќе од 50.000 луѓе на Фејсбук.

Неодамна таа опиша како спермата и помогнала да се реши од мозолчињата и да има поубава кожа на лицето.

„Користев сперма како третман за мозолчиња и морам да признаам дека тоа делуваше. Да девојки, вашиот партнер навистина може да ви помогне да имате прекрасна кожа. Можеби ви звучи чудно, но верувајте дека тоа помага. Спермата е добра за нега на кожата бидејќи е полна со протеини и други нутритивни вредности“, напиша Ангела.

Вели дека еден ден после сексот завршила со сперма на лицето, а другиот ден се изненадила од својот изглед.

„Следниот ден се разбудив без мозолчиња. Па затоа, следниот пат кога ќе имате секс, зачувајте малку сперма и втријате ја во лицето. Подоцна ќе ми бидете благодарни“, заклучува таа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Како да бидеш самоуверена жена во секоја прилика

Многу е полесно отколку што мислите! Секогаш кога самоуверена жена ќе влезе во просторија,…