Home Мода и убавина Бјути СОС: Најдобри совети како да спречите разлевање на шминката на жешко време

Бјути СОС: Најдобри совети како да спречите разлевање на шминката на жешко време

Кога термометарот полудува, а сонцето го топи асфалтот, се поставува клучното прашање: како да ја сочуваме шминката на жештини и таа да остане постојана во текот на целиот ден?

Не паничете — решението постои, а тајната е во добра подготовка и неколку трикови кои ги користат и професионалните шминкери.

Ако им веруваме на метеоролозите, изразот „топол бран“ ќе го слушаме често ова лето. Затоа, пред да облечете летни фустани и сандали, време е да посветите внимание на beauty рутина што ќе одолее на високите температури.

Прв чекор: Чиста и хидрирана кожа е основа на сè

Тешката шминка нема смисла ако кожата не е подготвена. Започнете со темелно чистење на лицето, па нанесете лесна хидратантна крема. И, секако – СПФ е апсолутен must-have, дури и кога сте само низ градот!

Втор чекор: Тајното оружје – прајмер

Без прајмер, борбата против топењето на шминката е однапред изгубена. Добар прајмер ја изедначува текстурата на кожата, ги стеснува порите и создава идеална подлога за шминката да трае со часови, дури и на плус 35 степени.

Трет чекор: Водоотпорни производи се вашиот најдобар сојузник

Заборавете на тешки, мат пудри кои се разлеваат на жештина. Изберете лесна, водоотпорна пудра со природен финиш. Истото се однесува и за маскарата, ајлајнерот и сите останати производи – водоотпорно е клучниот збор!

Четврти чекор: Магичниот завршеток – setting spray

Како шлаг на торта доаѓа setting spray. Неколку лесни прскања во финалната фаза и шминката останува „заклучена“. Овој трик го користат и познатите на црвениот тепих затоа што гарантира свеж и постојан изглед со часови, без разлика на топлина, пот или хаосот на улиците.

Beauty резиме

Ако сакате да изгледате свежо, природно и беспрекорно дури и среде летна горештина – верувајте на магичниот дует: прајмер и setting spray. Додадете лесна шминка и добра хидратација и ќе го поминете летото без грижа дали ви се размачкала шминката.

Летото може да започне – а вашата шминка нека трае!

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Армани Приве: Кога филм-ноарот ќе се претвори во висока мода

АРМАНИ ПРИВЕ: КОГА ФИЛМ-НОАР СТАНУВА ВИСОКА МОДА Париз можеби оваа сезона беше без личното…