Пет различни маски за различни проблеми со кожата!
Стигна тоа време од годината кога сè мириса на цимет. И не само што овој ароматичен зачин е вкусен во десерти, туку е и одличен за нега на кожата. Во продолжение ви откриваме 5 рецепти за маски со цимет во главна улога.
Предупредување: Доколку сте алергични на цимет, не нанесувајте ги овие маски на лицето!
Маска со цимет и мед за кожа склона кон акни
Ако имате проблеми со акни, пробајте ја оваа маска со цимет и мед што ќе го освежи вашето лице и ќе ги третира акните благодарение на своите антисептички својства.
Подготовка: Измешајте 1/2 лажичка цимет во прав и 2 лажички мед. Нанесете ја на претходно исчистено лице и оставете да делува 15-20 минути. Измијте со млака вода.
Маска со цимет и папаја за сјајна кожа
Ако вашата кожа изгледа заморно и безживотно, оваа маска е идеална за вас.
Подготовка: Измешајте 1/2 лажичка цимет во прав со сок или месо од папаја (ако користите месо, смесата изматете ја со блендер). Нанесете ја на лицето и оставете да стои 20 минути.
Маска со цимет и белка против стареење
Белката ја затега кожата, а циметот го поттикнува природното создавање на колаген.
Подготовка: Добро измешајте 1/2 лажичка цимет во прав и додадете изматена белка. Направете паста и нанесете ја на исчистено лице, оставете ја да стои додека целосно не се исуши. Измијте со млака вода. Користете ја маската двапати неделно за видливи резултати.
2-во-1 маска и пилинг со цимет и овесни снегулки
Подготовка: Прелијте овесни снегулки со млеко. Кога ќе омекнат, измешајте ги со малку цимет. Нанесете ја смесата на чисто лице и оставете да се исуши. Потоа, направете нежна масажа со кружни движења за ефект на пилинг.
Маска со цимет и оризово брашно
Дали сакате природно да ја осветлите кожата? Можете да го постигнете тоа со комбинација од цимет и оризово брашно.
Подготовка: Измешајте еднаква количина цимет во прав, оризово брашно и малку вода. Нанесете на исчистено лице и оставете да делува 5 минути. Потоа масирајте го лицето и измијте со млака вода.