Бившиот сопруг на Бритни Спирс правел проблеми на нејзината венчавка со Асгари – полицијата го уапси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бившиот сопруг на Бритни Спирс, Џејсон Александер, беше уапсен поради неовластен пристап до нејзиниот дом во Калифорнија неколку часа пред пејачката да се омажи за Сем Асгари, пренесува „ТMZ“.

Бритни Спирс денеска се мажи во „строга тајност“: Сите детали од интимната церемонија

Поранешниот пријател од детството со кој Бритни стапи во брак во 2004 година, но и се разделија само неколку дена подоцна, на „Инстаграм“ непосредно пред апсењето објави дека планира да влезе на свадбата иако не бил поканет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @farandulanews

Александер на социјалните мрежи објави и видео од упадот. Тој стигнал дури до шаторот каде што се случувала венчавката и разговарал со членови на обезбедувањето на кои им рекол дека Спирс го поканила на свадбата. Потоа се заканил дека ќе ѝ го уништи големиот ден.

„Џејсон Александер е уапсен. Благодарен сум на шерифот на одделот Вентура за добрата работа и брза реакција“, изјави адвокатот на пејачката Метју Розенгарт за PageSix.

Да потсетиме, Бритни Спирс се омажи за долгогодишното момче Сем Асгари. Интимната церемонија се одржа во четвртокот во Лос Анџелес во нејзиниот дом, а присуствуваа околу 60 најблиски пријатели на парот и дел од семејството.