Бившата од Абрамович ќе прави гламурозна свадба со контроверзниот и проблематичен Грк


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бившата сопруга на рускиот милијардер и тајкун Роман Абрамович, 38-годишната Даша Жукова, на големо се спрема за нејзината раскошна и луксузна свадба со богатиот грчки наследник, 34-годишниот Ставрос Ниархос, која ќе ја прават овој викед во швајцарскиот ски центар Сент Мориц.

На прославата биле поканети 300 гости од светот на шоубизнисот, културата, спортот и политиката.

Парот е во врска од летото 2018 година, а наводно веќе биле венчани на интимна церемонија во Париз на која биле поканети само членовите на семејството. Сега решија да организираат гламурозна прослава во елитниот ски-центар.

Свадбата ќе се одржи во луксузниот хотел со пет ѕвездички , „Кулм Сент“. Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, актерките Гвинет Палтроу и Лив Тајлер, дизајнерот Дајан фон Фурстенберг, моделот Карли Клос и нејзиниот сопруг Џошуа Кушнер, брат на зетот на Доналд Трамп, се дел од елитата која е на списокот на гостите.

Даша од нејзиниот деветгодишен брак со Абрамович има две деца, синот Арон Александар и ќерката Лео Лу. Нејзиниот татко е рускиот олигарх Александар Жуков, а во судската бракоразводна постапка доби 92 милиони долари и четворокатна зграда на Менхетен во Њујорк. Ставрос го познава веќе десет години.

Даша не му е прва богата и убава партнерка на Ниархос. Неговите врски со старлетата и наследнича Парис Хилтон и актерката Мери-Кејт Олсен се познати во јавноста.

Ниархос во 2015 стана познат во јавноста кога му понуди на бездомник сто долари за да се препие со сок, што несреќниот човек го прифати. Ниархос и неговите пријатели се смееја и го исмеваа на социјалните мрежи. Уништувањето на хотелските соби е исто така познато во јавноста, а во една прилика Ставрос Ниархос направил штета од 100.000 долари.

Бидејќи подоцна основал фондација за помош на бездомниците, многумина сметаат дека наследникот на семејна транспортна компанија во меѓувреме пораснал.