Битолчанец во кафуле нарачал минерална вода, а добил раствор за миење садови – завршил на токсикологија со тешко труење


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Битолчанец кој во кафуле нарачал минерална вода, а не се знае како, ама добил раствор калиум натриум хидроксид од кој се напил, заврши со тешко труење на Токсикологија.

Тој изјавил дека тоа му било сервирано во кафуле во Битола наместо минирална вода. Се работи за два отстотен раствор кој се користи за машинско миење на садови.

Во тек е истрага која треба да утврди како ова корозивно средство се нашло во пијачката која му била дадена на битолчанецот. Од скопска Токсикологија велат дека пациентот бил донесен во тешка здравствена состојба.

„Вели „се напив една голтка и осетив дека не е вода“. Интоксикација со корозивно средство има пациeнтот. Не знаеме како е дојдено до тоа, но таква изјава дава, дека бил во кафуле и кога ја отворил водата, од првата голтка почувствувал дека тоа не е вода“, изјавил за Фокус директорот на болницата, Ридван Бајрами.

Тој додава дека пациентот е на опсервација бидејќи последиците од овие токсични материи се осеќаат подоцна.