Home Актуелно Безос останува најбогат на светот – милијардерите го зголемија своето богатство за 742 милијарди долари во време на пандемија

Безос останува најбогат на светот – милијардерите го зголемија своето богатство за 742 милијарди долари во време на пандемија

Пандемија од коронавирус има веќе една и пол година – ама само за сиромашните и пониски социјални слоеви. За светските милијардери и профитери тоа не само што не случај, туку тие во овој критичен здравствен и социо-економски период го зголемија своето богатство.

Извештајот на Институтот за политички студии (ИПС) беше објавен на порталот Бизнис инсајдер, кој покажува дека од 18 март 2020 година до 18 март 2021 година, богатството на 2.365 милијардери се зголемило за 54 проценти или четири трилиони долари.

Во извештајот се наведува дека 20-те најбогати милијардери се побогати за 742 милијарди долари, што е зголемување за 68 проценти.

Извештајот на меѓународната организација Оксфам објавен на почетокот на 2021 година покажа дека милијардерите се побогати за околу 3,9 милијарди долари.

Во извештајот се наведува дека парите ќе помогнат никој да не осиромаши поради пандемијата на коронавирус, и со нив може да се купат доволно вакцини доволно за секого.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …