Home Шоубизнис Бекам и Викторија се разведуваат?

Бекам и Викторија се разведуваат?

Таблоидите повторно ја актуелизираат темата околу разводот на славната двојка. Тврдат дека бракот меѓу Дејвид Бекам и Викторија е на стаклени нозе.

Поранешниот фудбалер со пријателот Дерек патува низ САД со мотор. Деновите ги поминува кампувајќи под ѕвездите, а истражува и езера каде се капат. Неговата сопруга Викторија остана во Лондон каде промовира чевли и ташни од својата нова колекција.

„Последните шест месеци имаат сериозни проблеми во бракот“, вели извор близок до Дејвид.


Парот за првпат се најде пред развод во 2004 кога изби аферата со љубовницата на Бекам, Ребека Лос. Викторија тогаш рече дека сепак ќе остане со сопругот бидејќи го сака. Во 2007 се прошири друга афера на фудбалерот со проститутката Ирма Ници.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…