Home Мода и убавина Бањи за раце што ќе ви годат во есенските денови

Бањи за раце што ќе ви годат во есенските денови

Рацете се секогаш први што страдаат од промената на временските услови, па есента бараат посебна нега.

Кога ќе настапат есенските студови, состојбата на кожата на рацете, за жал, не се подобрува – кожата се суши и станува груба. Затоа е важно, покрај редовната употреба на крем, да си правите и посебни купки.

Препорачливо е барем еднаш неделно да се ужива во купки за раце.

КОМПИР
Стар, но проверен рецепт кој нашите баби редовно го користеле. Ако готвите компир, не ја фрлајте веднаш водата во која се варел. Таа вода е одлична замена за крем за раце. Само потопете ги рацете во топлата компирова вода – оваа купка совршено ќе ја омекне кожата на рацете.

МАСЛО
Оваа купка одлично ја хидрира и ја негува кожата на рацете. Може да се користи маслиново, прасково, бадемово, кокосово или масло од јојоба. Маслото треба малку да се загрее, да се додаде во сад со вода и да се тури една лажица лимонов сок. Потопете ги рацете и држете ги 10 минути. По купката, не ги мијте рацете – оставете кожата сама да го впие маслото.

ПАРАФИН
Во есен и зима особено се препорачуваат парафински купки, кои помагаат да се заштити кожата од студ и ветер. Дополнително, ја хидрираат кожата, ја подобруваат циркулацијата и го забрзуваат зараснувањето на микропукнатини. По првата купка, ќе забележите дека кожата на рацете е многу помека. За подготовка, потребен е парафин кој се топи на пареа. Пред купката, кожата се дезинфицира со лосион, се прави благ пилинг и се нанесува крем. Рацете се ставаат во растопениот парафин 5 до 7 секунди, па се вадат и повторно се ставаат. Ова се повторува 6 до 8 пати, додека не се создаде дебел слој парафин на рацете. Потоа се ставаат најпрво пластични ракавици, а над нив памучни или фротирни. Се чека 25 минути, потоа парафинот се отстранува, а на рацете се нанесува хранлива крема.

ГЛИЦЕРИН
Купките со глицерин се многу корисни за нега на кожата на рацете во домашни услови. Потребна е една лажица глицерин што се разредува во два литри вода, се додава една лажица амонијак и една чаша чај од камилица. Ставете ги рацете во растворот 10 до 15 минути, а потоа без бришење, директно нанесете хидратантно средство.

КУПКА ОД ЦЕЛЕР
Малкумина знаат, но целерот исто така омекнува, хидрира и ја храни кожата на рацете. Само варете неколку мали корени целер во еден литар вода околу 30 минути. Потоа потопете ги рацете во тој чај 20 минути.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Нови мириси што ќе направат вистински спектакл оваа зима

Како што деновите стануваат постудени, слоевите облека подебели, а атмосферата сè покоузна…