Австрија со уставна измена ќе го заштитува готовинското плаќање: „Луѓето треба да имаат право на кеш“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Можноста да се плаќа со готовина, а не само со кредитна картичка или дигитални валути треба да биде вградена во австрискиот устав, порача австрискиот канцелар Карл Нехамер.

„Луѓето се сѐ повеќе загрижени дека готовината би можела да биде ограничена како средство на плаќање. Луѓето треба да имаат право на кеш“, изјави Нехамер.

Според планот што треба да го подготви министерот за финансии Магнус Брунер, правото на кеш ќе биде заштитено со уставот, како и можноста да се плаќа со готовина, а националните банки ќе бидат обврзани да обезбедат неопходен проток на готовина. Објавата на Нехамер беше критикувана од двете страни на политичката сцена, пренесува СДК.

Австрија заостанува зад другите европски земји во поглед на дигиталното плаќање и луѓето повеќе се држат до монети и банкноти, особено при помали, секојдневни купувања.

„Секоја година, во Австрија се повлекуваат 47 милијарди евра од банкоматите, а секој Австриец во просек носи 102 евра во кеш. 67% од плаќањата до 20 евра се вршат во готовина“, вели Нехамер.