Армијата во Прилеп воведува ред пред банките, маркетите и други јавни објекти


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Припадниците на македонската Армија од денес наутро се на улиците од Прилеп, каде се распоредија пред сите поголеми маркети и експозитурите на банките за да прават ред кај граѓаните.

Деновиве пред овие објекти имаше огромни гужви и турканици. На тротоарите пак пред сите банки и маркети се залепени налепници на кои пишува „СТОЈ ОВДЕ“ и тие се поставени на она препорачано растојание од минимум 2 метри. Денеска има и нов смртен случај во Прилеп од Ковид 19, 68 годишен маж хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје. Исто така денеска има и 3 нови случаи. Асистенцијата на војската уште вчера ја градоначалникот според кого граѓаните мора да се дисциплинираат, но и фирмите кои имаат заразени со Ковид 19.

„Присуството на армијата граѓаните не го почувствуваа како страв, туку напротив како загриженост на армијата, затоа доаѓа на помош, како безбедност и сигурност. Граѓаните на Прилеп мора, малку ќе бидам вулгарен, да се превоспитаме, затоа што ништо не доаѓа од надвор, се е од внатре и ако успееме од внатре да почитуваме и да ги спроведиме мерките ќе биде помалку ризично. Да не му падне на памет на некои од компаниите што се затворени да отворат, без да добијат дозвола од надлежните служби“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

Денеска во Прилеп се одржа и седница на кризниот штаб на која присуствуваа присуствуваат шефот на централниот кризен штав, Бујар Османи, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

„Можеме да направиме 1001 препорака, но ако препораките не се политуваат тие паѓаат во вода. Сите сме свесни дека нашиот секојдневен живот стана многу различен, многу потежок и многу покомплициран. Но тоа е единствениот начин да се справиме со оваа невидлива опасност“, изјави Радмила Шекеринска, министерка за одбрана.