Антицелулит третман со јаболков оцет
Време е да се ослободите од целулитот, а ние го имаме најдоброто и најлесното решение за вас.
Жените со години наназад го користат јаболковиот оцет како помош во борбата против целулитот, и конечно дојде време и вие да го пробате овој едноставен, а навистина ефикасен третман.
Сѐ што ви е потребно за оваа борба се лосион, јаболков оцет, крпа и малку најлонска фолија.
Како да го изведете антицелулит третманот
Измешајте ¼ шолја лосион за тело со една лажица јаболков оцет. Мешајте додека состојките целосно не се соединат. Натопете крпа во топла вода, исцедете го вишокот вода и ставете ја врз деловите на телото каде што сакате да го намалите целулитот. Оставете да дејствува околу 5 минути.
Потоа тргнете ја крпата и нанесете ја смесата со јаболков оцет директно врз кожата без триење. Замотајте ги тие делови од телото со најлонска фолија и оставете да стои 3 до 6 часа. Повторувајте го овој третман три пати неделно.
По отстранување на фолијата, истуширајте се и нанесете лосион за тело за да ја одржувате кожата хидрирана и негувана.