Албанија гори: Во 24 часа избувнаа 18 пожари


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Осумнаесет пожари избувнаа во различни региони на Албанија во последните 24 часа, јави агенцијата АТА, цитирајќи податоци на службата за вонредни ситуации.

Со огнената стихија се борат над 154 пожарникари, 30 противпожарни возила, 54 доброволци, 50 војници, единици на силите за брза реакција, како и хеликоптери.

Службата за вонредни ситуации и Министерството за внатрешни работи ги повикуваат граѓаните да јават за секој оган што ќе го забележат.

Пожарникарите успеале да го совладаат пожарот во селата Иба и Хекал, во регионот на Тирана, што избувнал во борова шума и бил проширен од силните ветрови, што им се заканиле и на неколку куќи.

Градоначалникот на Тирана, Ерион Велај, потврди дека огнот е совладан и ситуацијата е ставена под контрола.

-Со пожарот се бореа 65 пожарникари. Горд сум на овие херои и нивната чудесна соработка. За само 24 часа успеавме да се справиме со еден од најголемите предизвици, посочи Велај.