Home Шоубизнис Актерката од „Село гори, а баба се чешла“ со години трпела насилство од сопругот: Добијував удари со тупаница и со отворена дланка додека бев бремена

Актерката од „Село гори, а баба се чешла“ со години трпела насилство од сопругот: Добијував удари со тупаница и со отворена дланка додека бев бремена

Тијана Вучетиќ открива детали за насилството што го претрпела

Тијана Вучетиќ, најпозната по улогата на Петројка во серијата „Село гори, а баба се чешла“, минала низ страшна тортура од својот сопруг, кој бил исклучително насилен. За јавноста проговори дури откако успеала судски и емоционално да се ослободи.

– Јас бев една од оние што молчеа. Моето семејство не знаеше, но не затоа што имав проблем да се обратам, туку поради надежта дека ќе биде подобро – раскажа актерката.

– Се случи еднаш, па уште еднаш, мислев дека не мора никој да знае и дека сè ќе биде во ред, но не беше – продолжи со својата исповед.

Поддршка добила само од својата кума

Нејзината кума била единствената личност на која ѝ се доверила и која ѝ помагала, како финансиски, така и емотивно. Тијана зборуваше за насилството што го трпела:

– Добијав удари со тупаница и отворена дланка. Не се обратив кај лекарите. Се бранев, но не возвраќав, затоа што тоа само ќе предизвикаше уште полоши реакции.

– Додека бев бремена, беше особено лош кон мене. Ме удираше и ме шутираше, дури и тогаш. Бев приморана да побарам засолниште во Сигурна куќа – раскажува таа.

Прв шамар во третиот месец од бременоста

– Тогаш си реков дека морам да ја издржам бременоста до крај и да соберам сила.

На крај, собра храброст, се разведе и сега е во нов брак со маж кој целосно ја исполнува.

Предупредување за сите жени

– Тешко е да се препознаат манипулаторите и насилниците. Тие прво настојуваат да стекнат доверба, а потоа почнуваат со забрани: со кого се допишуваш, каде одиш, колку време се задржуваш…

– Границите постојано се поместуваат, сè додека не останеш изолиран од семејството и не почнеш да се преиспитуваш дали ти си виновен/на за насилството.

На крај, испрати јасна порака:

– Жените мора да знаат дека сè е подобро од тоа да се трпи насилство. Постојат центри за социјална работа и сигурни куќи кои можат да помогнат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …