Home Шоубизнис Актерката од „Село гори, а баба се чешла“ со години била злоставувана од сопругот: Ме удираше со тупаници додека бев бремена

Актерката од „Село гори, а баба се чешла“ со години била злоставувана од сопругот: Ме удираше со тупаници додека бев бремена

Петројка од „Село гори, а баба се чешла“ даде исповед

Тијана Вучетиќ, или подобро речено Петројка од „Село гори, а баба се чешла“, поминала низ страшна тортура од личноста што најмногу ја сакала.

Сопругот со кој има дете бил многу насилен, а таа јавно проговорила за тоа дури тогаш кога успеала и судски и емоционално да се ослободи од него.

За тежокото минато се присети и неодамна во интервју за Република.

Јас сум една од оние што молчеше. Моето семејство не знаеше, но не затоа што имав проблем да им се обратам, туку затоа што си велев „Ќе биде подобро…“

Се случи еднаш, двапати, не мора да се знае, ќе биде во ред, но не.

Мојата кума беше единствената која знаеше и ми помогна, и финансиски и емотивно.

Добирав удари со отворена дланка и со тупаница, не барав помош од лекарите. Се бранев, но не се спротивставував за да не предизвикам уште полоша реакција.

Добирав сериозни ќотек. Додека бев бремена, беше исклучително лош кон мене. И тогаш ме тепаше, ме шуткаше. Дури бев и во Сигурна куќа.

Првиот шамар го добив во третиот месец од бременоста. Тогаш си реков дека морам да ја изгуркам бременоста до крај и да соберам сила.

Тијана собра храброст и се разведе. Денес е во нов брак со маж кој целосно ја исполнува, а нејзиното искуство го споделува со жени кои поминуваат низ истиот кошмар.

Тешко е да се препознаат манипулаторите и насилниците, прво се трудат жртвата да стекне доверба во нив, а потоа започнува „Со кого се допишуваш?“, „Не можеш да излезеш“, „Ако излезеш со другарка на кафе, можеш да бидеш пола час, еден час максимум, ништо повеќе.“

Границите се поместуваат до тој степен што жртвата е потполно изолирана од семејството и почнува да се преиспитува кога ќе дојде до физичко насилство: „Дали сум јас виновна? Што направив за да се случи ова?“

Жените мора да знаат дека сѐ е подобро отколку да се трпи. Тука се центрите за социјална работа, сигурните куќи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Добива три пензии, а еве што завршила – ќе ве изненади нејзината професија Ана Бекута

Животната приказна на Ана Бекута е полна со подеми и падови. Познато е дека нејзиниот син …