Сите барем еднаш сме гледале пријател што ќе легне во кревет и заспива веднаш — звучи како супермоќ, нели? Но, експертите предупредуваат: ако заспиваш веднаш штом ќе легнеш, тоа не е нужно знак за совршен сон, туку може да открива скриен проблем.
Истражувањата покажуваат дека здрава личност обично заспива за 15 до 20 минути. Доколку ти треба помалку од тоа, телото можеби само се обидува да надомести хроничен недостаток на спиење или пак испраќа сигнал за некаква здравствена состојба.
Еве три можни причини зошто веднаш заспиваш:
1. Хроничен недостаток на сон – Доколку редовно спиеш помалку од препорачаните 7 до 9 часа, мозокот и телото се преморени и се „исклучуваат“ веднаш штом ќе ја допреш перницата.
2. Опструктивна апнеа во сон (OSA) – Ако ти се случува да заспиеш ненадејно во текот на денот, дури и во автомобил или за време на состанок, тоа може да укажува на апнеа, состојба која го прекинува дишењето за време на спиењето и го зголемува ризикот од срцеви проблеми и губење на концентрација.
3. Скриени здравствени проблеми – Анемија, проблеми со тироидната жлезда или одредени лекарства може да „присилат“ телото да заспие секогаш кога ќе најде прилика.
Зошто многумина мислат дека брзото заспивање е одлично?
Во многу култури, луѓето кои брзо заспиваат се сметаат за „ефикасни“ спијачи. Сепак, експертите истакнуваат дека потребното време од 15 до 20 минути за заспивање всушност е знак дека спиењето е правилно регулирано и дека телото функционира во нормален ритам.
Како да го вратиш здравиот ритам на спиење?
-
Почитувај редовен распоред за спиење – оди во кревет и станувај во приближно исто време секој ден.
-
Успокојувачка рутина пред спиење – намали ја светлината, избегнувај екрани и пробај со лесно истегнување или медитација.
-
Добра доза магнезиум – му помага на мускулите и нервниот систем да се релаксираат и овозможува длабок и обновувачки сон.
-
Утрoшна светлина – излези на сонце набргу по будење, тоа му помага на внатрешниот биолошки часовник правилно да се подеси.
Затоа, следниот пат кога ќе видиш некој што заспива во секунда, сети се: тоа не мора да е добра работа. Да заспиеш за 15 до 20 минути е природно и здраво, додека прераното заспивање може да биде начин на кој телото ти порачува: „Исцрпен си, треба ти пауза.“