Home Шоубизнис Ако се снима филм за пандемијата на коронавирусот, еве која улога би сакал да ја игра Роберт де Ниро

Ако се снима филм за пандемијата на коронавирусот, еве која улога би сакал да ја игра Роберт де Ниро

Славниот холивудски актер откри која улога би сакал да ја добие за толкување доколку Холивуд реши да снима филм за пандемијата на коронавирусот.

Де Ниро откри дека во таков филмски проект би сакал да го глуми гувернерот на американската сојузна држава Њујорк – Ендрју Куомо.

„Куомо го прави она што би требало да го прави претседателот (на САД)“, истакна Де Ниро во видео гостувањето во емисијата The Late Show на Стивен Колберт.

Де Ниро (76) натаму вели дека може да го замисли гувернерот во Овалната соба, но сепак го поддржува Џо Бајден во претседателската трка годинава.

Глумецот изнесе уште повеќе критики околу тоа како претседателот Доналд Трамп се справува со епидемијата. – Имаше многу, многу предупредувања и пропусти и сега сите го плаќаме тоа. Можеби било и полошо, на некој начин, но никогаш вака, додава глумецот.

Некои медиуми во Њујорк веќе го гледаат Куомо како кандидат на наредните претседателски избори во САД во 2024 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …