Home Живот и здравје Ако сакате подолг и поквалитетен живот – почнете со овие 3 чекори веднаш

Ако сакате подолг и поквалитетен живот – почнете со овие 3 чекори веднаш

Мали трикови, големи ефекти: три едноставни навики кои можат да ви го продолжат животот и да донесат чувство на целосна рамнотежа

Понекогаш, ниту здравиот стил на живеење не оди секогаш лесно. Така и Емили А. Френсис, денес позната авторка и велнес експертка, доживеала целосен пресврт на само 25 години. Години водела фитнес часови, но потоа анксиозноста и паничните напади целосно ја презеле контролата. Дојде до точка кога веќе не можела ни да излезе од дома – а камоли да држи тренинзи.

Наместо да се откаже, се свртела кон длабоко и целосно исцелување. Не било лесно – и требале ѝ цели седум години истражувања, експерименти и разни методи – од класична терапија, преку исхрана, па сè до средби со шаман! Секој чекор бил дел од сложувалка која ја водела кон искреното оздравување и кариера во која денес им помага на другите.

Ако и вие сакате да се чувствувате посилно, поздраво и поисполнето – еве три нешта со кои вреди да започнете веднаш.

1. СЛУШАЈТЕ ГО СВОЕТО ТЕЛО

Колку пати сте се убедиле дека нешто „не е важно“ и сте го потиснале? Сепак, телото помни сè – и убави и тешки моменти. Науката потврдува дека траумите и стресот можат да останат „запишани“ во ткивата и нервите, дури и кога свесно се заборавени.

Тоа објаснува зошто некогаш чувствуваме болка или напнатост, а немаме поим зошто. Терапиите кои работат на поврзување на телото и умот покажале извонредни резултати кај луѓе со анксиозност или ПТСП.

Затоа, одвојте време и слушајте ги сигналите кои ви ги испраќа сопственото тело. Тие се мапа кон поздрав и поисполнет живот.

2. БИДЕТЕ ОТВОРЕНИ ЗА РАЗЛИЧНИ ПАТИШТА КОН ИСЦЕЛУВАЊЕ

Не постои само еден рецепт за здравје. Во потрага по решенија, Емили комбинирала сè – од традиционална медицина, преку физиотерапија и масажи, па до духовни практики и алтернативни исцелители.

Пораката е јасна: секој човек има свој уникатен пат. Некому ќе помогне терапија и медикаменти, на друг – медитација, јога или промена на исхраната. Често, најдобро делува комбинација од неколку пристапи. Да, тоа бара време и трпеливост – но вие вредите толку многу.

3. НЕ ЛЕКУВАЈТЕ САМО СИМПТОМИ – ТУКУ ЦЕЛОТО СЕБЕ

Вистинската промена почнува кога ќе сфатите дека здравјето не е само отсуство на болест, туку рамнотежа на телото, емоциите, енергијата и духот.

Емили посочува нешто многу важно: мозокот и умот не се исто. Мозокот е физички орган полн со хемиски процеси. Умот е просторот каде што живеат вашите мисли, чувства и однесување. Заради тоа, понекогаш е потребен различен пристап – понекогаш медицински, понекогаш енергетски или духовен, а најдобро кога ќе ги споиме.

Кога ќе се насочите кон сите аспекти од вашето битие, се отвора патот кон целосно и трајно исцелување.

Клучот за подолг и посреќен живот се крие во овие три работи: слушајте го своето тело, истражувајте различни методи и негувајте го целиот свој внатрешен свет – а не само она што моментално ве боли.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …