Адел се разведе – со бившиот сопруг живеат комшиски, врата карши врата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Светската музичка и пејачка ѕвезда Адел во април оваа година се развела од својот сопруг Сајмон Конецки. Но, она што е интересно е што тие двајца, иако разведени, сега живеат комшиски, буквално врата до врата, во луксузните вили во Лос Анџелес.

31-годишната Адел и нејзиниот поранешен сопруг Сајмон имаат луксузни вили во Лос Анџелес , кои се наоѓаат една спроти друга. Адел и Сајмон во 2016 година за 7,63 милиони долари ја купија првата вила, а втората е купена годинава во мај за 8,63 милиони долари, пренесе Мирор.

Сега медиумите откриле дека поранешните сопружници живеат еден спроти друг. Информацијата се појавила во јавноста кога Адел и Сајмон соопштиле дека ќе го делат старателството над својот син, Анџело.

Адел и Сајмон инаку врската ја започнале во 2011 година, само една години подоцна станале и родители. Тајно се венчале но, тоа не го потврдувале се до 2017 година. Но, сега само две години подоцна тие се разведуваат.