Home Љубов и секс А што ако има некој подобар? – мисла што тивко ја разорува врската и како да ја спречите

А што ако има некој подобар? – мисла што тивко ја разорува врската и како да ја спречите

А што ако постои некој подобар?“ – мисла што тивко ви ја руши врската и како да ја сопрете

Во време кога сè се споредува, дури и љубовта стана прашање на скролање и несигурност.

„Дали постои некој подобар?“ – оваа мисла тивко се провлекува низ умот и полека го подрива она што веќе го имате. Иронично, токму потрагата по совршенството нè лишува од скапоценото што е пред нас.

Од Тиндер до романтични филмови, светот постојано ни порачува: „Не се задоволувај со нешто помалку од совршено!“ Резултатот? Врските повеќе не се распаѓаат само поради неверство или растојание, туку и од внатрешна, тивка ерозија што започнува со ова наизглед безопасно прашање.

Психологот Алисија Гонзалес објаснува:

„Споредувањето и фантазирањето за ‘подобра’ верзија на партнерот создава постојано чувство дека нешто недостасува. Никогаш не сме навистина присутни, бидејќи размислуваме што ‘може да биде’, наместо да видиме што ‘е’.“

Замката започнува тивко. Мали незадоволства, периоди на рутина, скролање по Инстаграм, муабет со некој „позабавен“ – и одеднаш врската ни изгледа бледо. Не е партнерот тој што се променил – ние почнуваме да го гледаме низ искривениот филтер на „можеби има нешто подобро таму надвор“.

Но, ова не води кон самоспознавање, туку во маѓепсан круг на очекувања и разочарања. Љубовта не е список за штиклирање. Ако не нуди совршена среќа 24/7, заклучуваме дека не е „тој правиот“.

„Љубовта не е постојан пламен. Таа е сигурноста дека кога ќе се изгаснат светлата, некој е покрај тебе. Не за да те воодушевува постојано, туку да те држи кога ќе паднеш,“ додава стручњакот.

Митот за „совршениот друг“ е длабоко вкоренет во генерацијата на претерана потрошувачка: повеќе опции – помалку задоволство. Истото што нè тера да смениме серија на Нетфликс по 5 минути, нè тера да ги прескокнуваме луѓето кога не ни предизвикуваат постојан восхит. Ама, во животот – и во љубовта – нема бескрајни сезони.

Како да престанете да си ја саботирате врската

Ако се прашувате дали вашата врска вреди, наместо да барате докази дека не вреди – поставете си поинакви прашања:

  • Дали се чувствувам почитувано?
  • Можам ли да бидам своја без страв?
  • Постои ли сè уште нешто мало што ме радува?
  • И најважното: Што можам јас да направам за ова што го имам да процвета?

Врската не се обновува со големи ветувања или долгорочни планови, туку со мали, секојдневни гестови. Порака во среде напорен ден, спонтана прошетка, извинување пред да се појави горчина – блискост, допир, грижа – тоа ја одржува љубовта жива, а не огномети и спектакл.

Следниот пат кога ќе ве стигне мислата „А што ако постои некој подобар?“, сменете го прашањето:

„Како можам да го направам ова што го имам подобро?“

Љубовта не е совршена. Таа е кревка, упорна, полна спротивности – и баш затоа е човечна. Не чекајте „совршенство“ – направете простор за нешто стабилно, топло и вистинско. Можеби токму тогаш ќе сфатите дека она што сте го имале цело време било вистинското богатство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Љубов и секс
Comments are closed.

Check Also

5 силни „да“ за женската мастурбација

5 ГОЛЕМИ „ДА“ ЗА ЖЕНСКАТА МАСТУРБАЦИЈА Иако женската мастурбација отсекогаш постоела, за н…