Квалитетниот џемпер од мерино волна е меѓу парчињата облека во кои вреди да се вложи за постудените месеци. Топол е, удобен и практичен за секојдневно носење. Ако барате модел што убаво изгледа, пријатен е на кожата и ќе ви служи повеќе сезони, оваа волна заслужува внимание.
Мерино волната е природен материјал што со години има свое место во зимските колекции. Нејзината популарност не се должи само на луксузниот изглед, туку и на својствата по кои се разликува од другите видови волна.

@ivannamatoshko

@ivannamatoshko

@ivannamatoshko

Reserved

Reserved

Reserved
Што го прави џемперот од мерино волна зимска класика?
Оваа волна се добива од овците од расата мерино, познати по исклучително фините и тенки влакна. Во споредба со традиционалната, погруба волна, нејзините влакна се значително потенки. Затоа материјалот е помек, поеластичен и попријатен кога се носи директно на кожата. Токму поради тоа се користи за џемпери, кардигани, шалови и други зимски парчиња облека.
Друга важна предност е способноста на мерино волната да ја регулира температурата. Кога е студено, му помага на телото да ја задржи топлината, а при промена на температурата овозможува да се ослободи вишокот топлина. Влакната, исто така, можат да впијат одредено количество влага без веднаш да се почувствува дека ткаенината е мокра. Затоа ваквите џемпери не се наменети само за најстудените денови, туку се практични и во текот на есента и зимата.
Џемперите од мерино волна можат да изгледаат едноставно и елегантно, па лесно се вклопуваат во различни стилови. Модел со кружен изрез, на пример, одлично се комбинира со фармерки и рамни чизми, а за малку поформален изглед може да се носи и врз кошула.

@actusartem

Reserved
Извор: Lepota i Zdravlje