
Били Еванс првпат јавно се осврна на сцената под туш во документарниот филм „You Can See Everything“, потврдувајќи дека се почувствувал како да му била нарушена приватноста поради нејзиното вклучување во конечната верзија.
Триесет и четиригодишниот партнер на Елизабет Холмс се појавува заедно со неа во новиот филм, во режија на Нејтан Филдер и Ленс Опенхајм.
Во спорната сцена Еванс е прикажан под туш, целосно гол и снимен однапред.

По кадрите во кои вежба во сала, следува сцена во која се тушира дома. Во долг кадар камерата се движи нагоре по неговото целосно голо тело. Кога излегува од тушот и си става крпа околу половината, тој речиси се судира со Филдер, кој стои веднаш пред бањата.
Коавторот на филмот, Ленс Опенхајм, претходно изјави дека Били доброволно се соблекол пред камерите и дека изгледало „како навистина да има нешто што сака да ни го покаже нам и на светот“.
Но, извори подоцна изнесоа поинаква верзија на настаните.
„Сцената под туш не беше идеја на Били. Тој се согласи само под услов да нема експлицитни кадри. Во најмала рака, секого би го вознемирило ако од медиумите дознае дека се случило спротивното. Тоа е изневерување на довербата и нејзино искористување за да се шокира публиката“, изјавил извор за „Пипл“.
Друг упатен извор тврди дека на Били му било кажано оти кадрите со голотија ќе бидат отстранети од филмот.
Според ТМЗ, нему му било речено дека тие „нема да влезат во конечната верзија од правни причини“.

Еванс одговори на прашањата за сцената
За време на сесија со прашања и одговори на социјалната мрежа Икс, корисници го прашаа Били за сцената под туш.
Еден корисник напиша дека таква сцена „не се случува ако самиот не го сакаш тоа“, на што Еванс одговори дека тоа е „неточно претставување на настаните“.
Друг го праша: „Насила влегоа кај тебе под туш или само почнаа да снимаат, а ти не им рече да престанат?“
Били ја сподели статијата на „Пипл“, во која извор наведува дека тој се почувствувал како да му била нарушена приватноста, и одговори: „Верувајте им на ‘изворите’“.
Извор: Just Jared