
Мајкл Даглас во едно од ретките јавни обраќања за својот долгогодишен пријател Џек Николсон откри дека тој е добро и води мирен живот.
Осумдесет и двегодишниот актер неодамна гостуваше на настан во Свонси, Велс, каде што ги промовираше своите нови мемоари One Helluva Ride. Таму зборуваше и за 89-годишната ѕвезда на „Сјаење“, која речиси целосно се повлече од Холивуд и од јавниот живот.
Според „Индипендент“, Даглас кажал дека и натаму се гледа со Николсон и потврдил дека неговиот пријател е добро.
„Би сакал да имав можност да глумам со Џек. Тој повеќе не работи. Добро е. Го нема во јавноста, го знам тоа“, рече Даглас.
„Сè уште се гледам со него и добро е. Си е таму, кај својата куќа, и си шета во влечки“, додаде тој.
Ѕвездата на „Волстрит“ рече дека ја разбира одлуката на Николсон, по повеќедецениската кариера, да ужива во помирно секојдневие.
„Тоа се случува. Го заслужува“, рече Даглас.

Пријателство што трае со децении
Иако никогаш не глумеле заедно, Даглас имал значајна улога во создавањето на еден од најпознатите филмови на Николсон.
Тој бил продуцент на „Лет над кукавичјото гнездо“ од 1975 година, во кој Николсон го играше Рендл Мекмарфи.
Филмот освои пет „Оскари“, меѓу кои и наградата за најдобар филм, која им припадна на продуцентите Даглас и Сол Зенц. За својата изведба, Николсон го доби првиот „Оскар“ за најдобра машка главна улога.
Николсон нема снимено филм по романтичната комедија How Do You Know од 2010 година, во која настапија и Рис Витерспун, Пол Рад и Овен Вилсон.
Оттогаш само повремено се појавува во јавноста. Во февруари 2025 година ненадејно се појави во специјалната емисија по повод 50-годишнината на Saturday Night Live, каде што го најави музичкиот настап на Адам Сендлер.
Извор: Just Jared