
Адам Броди се наврати на моментот кога ја запросил сопругата Лејтон Мистер и призна дека жали што не вложил повеќе труд.
Ѕвездата на серијата „Nobody Wants This“, која има 46 години, ја запросил 40-годишната актерка од „I Love LA“ во 2013 година. Се венчале само неколку месеци подоцна.
Гостувајќи во подкастот „The Armchair Expert“ со колегите од „Nobody Wants This“, Броди зборуваше за запросувањето и откри зошто смета дека тоа „не било толку романтично колку што требало да биде“.

„Нема да навлегувам во детали. Но, верувајте, не беше толку романтично колку што требаше да биде“, рече актерот. „Единственото романтично нешто беше брзината, во смисла дека ја запросив прилично рано во врската. Брзо се венчавме, па мислев дека има нешто во тоа… Но, освен тоа, сè беше многу обично.“
Броди додаде дека со текот на времето сфатил колку е важен тој момент.
„Во моментот кога запросуваш, си велиш: ‘Не е толку важно’, но потоа таа приказна ќе ја раскажуваш до крајот на животот. Затоа, мојот совет е: потрудете се, не само поради самиот момент, туку и поради приказната што ќе ја раскажувате засекогаш.“
„Малку си замерувам. Таа заслужуваше повеќе“, призна тој.
Водителот Дакс Шепард го праша дали е точно да се каже дека не поднесува помпезност, на што Броди одговори: „Секако.“
Актерот откри и дека има резерви кон начинот на кој се одбележува Денот на вљубените.
„Ми изгледа како нешто пропишано од државата: сите мора да излеземе на вечера, сите како да имаме државно наложено водење љубов. Чудно е“, рече тој.
Адам и Лејтон се во брак 12 години и имаат две деца: 11-годишна ќерка и шестгодишен син.
Извор: Just Jared