Џо Кири откри дека и натаму е во контакт со колегите од „Stranger Things“, иако по завршувањето на серијата во декември минатата година сите продолжиле со други проекти.
Актерот, кој има 34 години и го толкуваше Стив Харингтон, вели дека нивниот заеднички групен разговор сè уште е активен.

Во разговор за „Пипл“ минатата недела, на премиерата на неговата бродвејска претстава „Other Desert Cities“, Кири откри и кој од колегите најчесто се вклучува во допишувањето.
„Ох, можеби Фин Волфхард, би рекол. Да, сè уште сме во контакт“, рече тој.

Совети од Сејди Синк пред дебито на Бродвеј
За разлика од Кири, кому ова му е деби на Бродвеј, неговата колешка од серијата Сејди Синк веќе има искуство со три бродвејски претстави. Меѓу нив се „Annie“ и најновата, „John Proctor is the Villain“, за која доби номинација за наградата „Тони“.
На премиерата Кири раскажа дека се видел со Синк во Лондон, пред почетокот на нејзините настапи во „Ромео и Јулија“ на Вест Енд, и дека таа му дала неколку совети.
„Ја видов кога бев во Британија, пред премиерата на ‘Ромео и Јулија’. Ми даде добри совети и навистина ме охрабри и јас да се пробам во театар. Мислеше дека ќе уживам“, раскажа Кири.
Тој додаде дека се допишува и со Гејтен Матарацо, кој настапува во „Rent“: „Се допишувам со Гејтен откако почна да се игра ‘Rent’ и, да, одличен е таму“.
Извор: Just Jared