„‘Лифт’ е секое движење при кое еден од танчарите во исто време ги има двете стапала одлепени од подот, со помош или поддршка од партнерот“, прочита Инаба, а потоа додаде: „Да, тоа е лифт.“
И покрај забелешката, Инаба на двојката им даде оценка 8 од 10, по што дел од фановите оценија дека нејзиниот коментар и бодирањето не биле усогласени. (Хаф, 41, и гостинскиот судија Џо Бак исто така им дадоа 8 на Шум и Џонсон, додека Бруно Тониоли им даде 9, за вкупно 33 од 40 поени.)
Џонсон подоцна ѝ кажа на ко-водителката Џулијан Хаф дека мислела оти правилото „без лифтови“ важи само ако таа го крева својот славен партнер. (Во точката, членовите на трупата го креваа Шум во воздух, а не Џонсон.)
На крајот од вечерта, меѓу Инаба и Џонсон немаше лоши чувства.

„Знаете што, тешко е, затоа што обично кога некого ќе го повикаат поради лифт, тоа е кога партнерот ве крева вас“, изјави Џонсон за Extra по епизодата. „Па навистина не бев свесна дека, да речеме, двајца мажи кои не сум јас, го навалуваат Хари наназад и го креваат. Но, апсолутно ја разбирам Кери Ен.“
Извор: US Weekly