Милица Тодоровиќ го прослави својот 36-ти роденден во друштво на бројни колеги и пријатели, а посебен гостин на славјето беше нејзиниот осуммесечен син Богдан.
– Синот беше со мене, но мораше брзо да си оди, беше доцна – изјави Милица за Блиц, а на прашањето што си посака за роденденот, одговори:
– Си посакав сè најубаво, среќа и мир, да сме сите среќни и задоволни. Јас ги сакам родендените.

На славјето кое Милица Тодоровиќ го организираше во еден локал се собраа многу гости, меѓу кои беше и Александра Пријовиќ.
Стеван Анѓелковиќ, кумот на Милица Тодоровиќ, беше меѓу првите што пристигнаа, а на медиумите им откри што ѝ подарил.
– Ѝ земав ваучер за едно нејзино омилено место за да може сама да избере што сака. Добро ја познавам, секако.
Стеван откри и дека славјето со Милица не може да помине без заедничка песна, а двајцата сакаат да пеат во дует хитот на Тоше “Волим осмех твој”, како и некои шпански песни.
Заедно со Милица пееше и нејзината колешка Катарина Живковиќ, а сите гости се одлично забавуваа.

Извор: Story.rs