Научно е докажано дека домашни миленици позитивно влијаат на развојот на децата!
И сами веројатно знаете колку децата изгледаат опуштено кога играат со некое животно и колку генерално сакаат да бидат во нивно друштво. Милениците, посебно кучињата, ги држат активни и секогаш се тука да и ним, исто како и на нас, им го разубават денот и им го исполнат времето.
Како што е научно докажано дека кучињата благотворно влијаат на развојот на менталните, но и на физичките способности, добро е да се знае на кои доблести домашните миленици влијаат, кај децата.
1. ПОСЛУШНОСТ
Децата ги копираат своите родители и точно знаат како тие ги учат нив, но и својот домашен миленик. Така и тие ќе сакаат да го научат своето куче или мачка да ги слушаат и да се убаво однесуваат. Можеби ќе бидат успешни во тоа, а можеби и не, но на овој начин тие ќе разберат дека и тие треба да бидат послушни и повеќе ќе ги слушаат своите родители.
2. РАЗВОЈ БЕЗ СТРЕС
Исто така е научно докажано дека за време на галењето на домашен миленик, и кај нас и кај животните се ослободува во мозокот хормонот на среќа и љубов – окситоцин, кој не’ смирува, опушта и ни создава чувство на воленост. Истото важи и за децата – милениците ги смируваат и им нудат чувство на сигурност. Со тоа, тие ќе се развиваат без стрес и ќе прераснат во мирни личности.
3. ОДГОВОРНОСТ
Сите деца кога сакаат да имаат куче или мачка ветуваат дека ќе се грижат за нив цело време, па на крајот сето тоа паѓа на вас, сепак, улогата на мал сопственик ќе ги научи да бидат поодговорни кон некои работи. Морате од почеток на децата да им објасните дека кучињата и мачките зависат од нас и дека им е потребна нашата помош – сипање храна, менување вода и редовно шетање (кај кучињата). И не треба да попуштате! Ако детето рекло дека ќе води грижа, не попуштајте и не го шетајте кучето ако нему не му се оди или ако сака да оди надвор со другари, бидејќи обврската е обврска.
4. ПОВЕКЕ САМОПОЧИТ
Со самото прифаќање на обврската кон домашниот миленик, детето ќе стане поодговорно. Покрај тоа, ако детето е свесно (со помош на пофалби од родителите) дека прави нешто убаво и дека е успешно во таа единствена задача што ја има – тоа ќе биде гордо на себе и ќе има повеќе самопочит од обично.
Научете го вашето дете да ги сака животните од мали нозе и ќе ви биде благодарно!