Home Вебкафе Карла Бруни ги запали блицовите на фотографите на Канскиот филмски фестивал 2026

Карла Бруни ги запали блицовите на фотографите на Канскиот филмски фестивал 2026

Кога Карла Бруни се појави на црвениот тепих во Кан, фотографите буквално кликкаа со апаратите како да се обидуваат да фатат последниот Wi-Fi сигнал на аеродромот. Жената не дојде на премиера, таа дојде психолошки да ја уништи конкуренцијата.

Додека сите играа на сигурно – црна фустан, голи грбови, “old money” естетика и поглед што кажува “имам маслинка во Тоскана”, Карла реши да се појави облечена како најскапа, најгламурозна зебра што модната индустрија некогаш ја пуштила во дивината. И искрено? Победи.

Фустанот со зебра принтот изгледаше како модата да пила еспрессо, прочита Ниче и одлучи да стане опасна. Сирена крој, драматичен шлеп, срцев облик на изрезот… сето тоа викаше: “Јас не доаѓам на црвениот тепих. Црвениот тепих доаѓа кај мене.”

Црните линии на фустанот беа распоредени толку прецизно што изгледаа како photoshop во живо. Силуетата затегната, елегантна, скоро математички непристојна за некој што не живее од зелени сокови и француска генетика.

А тогаш – накитот. Се разбира. Бидејќи ако веќе изгледате како милион долари, зошто да не додадете уште десет милиони околу вратот? Дијамантските нараквици светлаа повеќе од иднината на повеќето нас, додека масивниот изумруден choker изгледаше како да е симнат директно од вратот на некоја аристократка што има три разводи и приватен виноград.

И само кога мислите дека сè е премногу совршено тука е фризурата. Неподредена. Намерно. Онаа луксузна сорта “штом станав”, ама станав од вила на Азурниот Брег, не од кревет со купишта облека на столот. Благи бранови напред, опуштена репавка назад… како да сака да каже: “Да, изгледам спектакуларно, а воопшто не се трудев.”

Се разбира никој не поверува, но аплаудиравме.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Крај на бајковидната љубов? Холивуд зборува за разводот на Кирa Најтли и Џејмс Рајтон

Холивуд последниве денови ечи од гласини за наводниот развод на Кира Најтли и нејзиниот со…