6 брзи начини да го претвориш лошиот ден во добар
Многу денови започнуваат „наопаку“, и постојат безброј причини за тоа. Пукната гума на автомобилот, расправија со пријател, неуспех на работен проект – сè тоа може да допринесе да се чувствуваш лошо. Но, прашањето е – дали можеш да го смениш текот на остатокот од денот? Ние веруваме дека можеш. Еве 6 начини како да го направиш денот подобар – и тоа за само еден час. Спреми тетратка, ќе ти треба:
1. Испрати порака
Во време кога сите користиме социјални мрежи, едно едноставно „Како си?“ може да направи чуда. Контактот со други луѓе ќе те натера да се почувствуваш помалку осамено, а твоето внимание ќе се пренасочи од проблемите кон врската со некој друг.
2. Створи сопствена „уметност“
Секој облик на креативност е ослободителен. Наместо да го повторуваш истиот круг – дома-работа-дома, направи пауза. Земи платно и насликај нешто, пушти ја омилената музика и заиграј или напиши нешто – песна, мисла или дневник. Важно е да излезеш од рутината.
3. Запиши ги твоите чувства
Ова не е само предлог од нас, туку и од психолозите. Запишувањето на чувствата ќе ти помогне да ја изнесеш тежината од себе и да ја оставиш на хартија. Тоа е како мал емотивен ресет.
4. Прошетај во природа
Свеж воздух, шума, езеро или само мирно место – шетањето во природа е идеален начин да се релаксираш. Спои го тоа со лесни вежби или бавно одење и ќе почувствуваш како телото и умот се ослободуваат од притисокот.
5. Направи план за остатокот од денот
Амбицијата и мотивацијата се силата што нè движи, дури и во најтешките моменти. Потсети се зошто нешто си почнал или запиши идеја – деловна, креативна или лична – дури и без конкретен план. Кој знае каде ќе те одведе?
6. Удри нешто
Не, не други луѓе. Наместо гневот да го излееш врз околината или најблиските, насочи го кон вреќа за удирање – или перница. Извикај се, удри неколку пати и осети како срцето ти чука. Ова е едноставен, но ефикасен начин да се ослободиш од напнатоста што те гуши.