Home Живот и здравје Сонуваат ли кучињата: нивните соништа ќе ви го стопат срцето

Сонуваат ли кучињата: нивните соништа ќе ви го стопат срцето

Ако имате куче како миленик, тогаш сигурно знаете како изгледа кога спие.

Некои кучиња, додека спијат, брзо ги мрдaат шепите и изгледаат како да бркаат замислена мачка. Но, за што навистина сонуваат кучињата? Дали сонуваат за нивната омилена храна или омилената играчка?

Научници од Универзитетот Харвард конечно пронашле одговор на ова интересно прашање.

Според едно поново истражување, кучињата често сонуваат за луѓето кон кои се најповрзани, најчесто своите сопственици. Еве како го објаснува тоа д-р Дејрдра Барет:

„Луѓето сонуваат за она што најмногу ги загрижува во текот на денот, но во многу нејасна и нелогична форма. Нема причина да веруваме дека животните се различни. Имајќи предвид дека кучињата можат да бидат многу емотивно врзани за луѓето, веројатно сонуваат за лица и мириси што ги прават среќни. Од друга страна, може да сонуваат и дека прават нешто што вас ве нервира,“ објаснува Барет.

Судејќи по реакциите, луѓето не останале рамнодушни откако го слушнале ова откритие. Сопствениците на кучиња почнале да објавуваат фотографии од своите миленици додека спијат, придружени со трогателни коментари. Многумина не можеле да ги задржат солзите! И тоа може да се разбере.

Сознанието дека вашето куче најмногу ви е посветено токму вам, дури и додека сонува, може да го стопи дури и најстуденото срце.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Дали костените се тајното оружје за рамен стомак? Еве што навистина велат податоците

Зимата е вистинско време за топло чоколадо, волнени чорапи и… костени! Овие слатки, природ…