Што ако не ми се допаѓа да пружам орален секс?
Можеби сте имале непријатно искуство? Дали некогаш некој ве присилил на тоа? Можеби чувствувате срам или вина? Можеби се работи за чувство на самопочит? Ако не сте се справиле со некој од овие проблеми, разговарајте отворено со партнерот и бидете целосно искрени. Само кога ќе се почувствувате подготвени да пробате, почнете полека, експериментирајте со различни техники и движења со тек на време.
Ако ми пречи мирисот?
Замолете го да се истушира. Добијте доверба, насапунете го самите, па дури и можете да му пружите орален секс додека сте под туш.
Ако сакам кондом за да се заштитам од полово преносливи болести?
Не мора да се откажувате од орален секс од страв. Јасно кажете му да стави кондом. Тоа е вашето право и вашата безбедност.
Што ако ме притиска да дадам орален секс?
Не треба да го прави тоа. Ако се обиде, тргнете му ја раката од вашата глава и насочете ја кон друг дел од телото. Ако продолжи, објаснете му дека ви е непријатно. Доколку и понатаму инсистира, слободно кажете дека ќе го прекинете сето тоа. А ако сакате да го контролирате ситуацијата – врзете му ги рацете за креветот!
Се гушам!
Сосема нормална телесна реакција. Ако ви се случи, повлечете се и дишите длабоко. Шепнете му: „Преголем си!“ и насмевнете се. За да го намалите гушењето, не го внесувајте целосно – само дел. Долниот дел фатете го со рацете и движете ги синхронизирано со устата. Постепено пробувајте се повеќе. И не пробувајте да одредите колку длабоко можете – посебно веднаш по јадење!
Дали треба да ја проголтам спермата?
Само ако тоа навистина го сакате.
Ако не ми се допаѓа вкусот?
Ако имате лошо искуство или мислите дека нема да ви се допадне, знајте дека вкусот варира. Зависи од мажот, средината, но и од исхраната. Нахранете го со јагоди, диња или ананас еден ден претходно, или подгответе му ручек со црвено месо и чаша вино – вкусот ќе се подобри значајно.
Преголем е! Што да правам?
Тој сигурно е свесен за својата големина и веројатно горд на тоа. Но, исто така знае какви предизвици имате. Ќе ви треба многу вода, двете раце и доста паузи.
Што ако ме фати грч во вилица?
Издржете како спортист. Ако ви стане премногу напорно, земете пауза и продолжете со рацете. Како и сè во животот – со вежбање сè станува полесно.