Home Живот и здравје Прифати го предизвикот: 4 минути – 28 дена за топење сало и дефинирање мускули

Прифати го предизвикот: 4 минути – 28 дена за топење сало и дефинирање мускули

Сакате ли предизвици? Прифатете го овој предизвик и доведете го вашето тело во врвна форма.

Планкот е една од најефикасните вежби за тонирање на телото. Оваа вежба ќе ви помогне да ги стопите мастите и да ги зацврстите мускулите на грбот, стомакот, задникот, рацете и нозете. Многу тренери го препорачуваат овој метод, но најважно е да бидете истрајни – резултатите ќе ги забележите по само еден месец. Ако сакате тело како манекен, тогаш ова е предизвикот за вас!

Потребно е да ја правите оваа вежба секој ден во текот на 4 недели, односно 28 дена. Почнувате со 20 секунди, а до крајот на четвртата недела, треба да можете да издржите цели 4 минути.

Најважниот дел од оваа вежба е да го наместите телото во правилна позиција. Треба да бидете право како даска ако сакате да ги видите резултатите. Дишете длабоко додека го изведувате планкот и концентрирајте се на тоа телото да ви биде во исправена линија.

Кога ќе влезете во правилна положба, подготвени сте за „Plank Challenge“!

28-дневен план:

Ден 1 – 20 секунди

Ден 2 – 20 секунди

Ден 3 – 30 секунди

Ден 4 – 30 секунди

Ден 5 – 40 секунди

Ден 6 – одмор

Ден 7 – 45 секунди

Ден 8 – 45 секунди

Ден 9 – 60 секунди

Ден 10 – 60 секунди

Ден 11 – 60 секунди

Ден 12 – 90 секунди

Ден 13 – одмор

Ден 14 – 90 секунди

Ден 15 – 90 секунди

Ден 16 – 120 секунди

Ден 17 – 120 секунди

Ден 18 – 150 секунди

Ден 19 – одмор

Ден 20 – 150 секунди

Ден 21 – 150 секунди

Ден 22 – 180 секунди

Ден 23 – 180 секунди

Ден 24 – 210 секунди

Ден 25 – одмор

Ден 26 – 210 секунди

Ден 27 – 240 секунди

Ден 28 – Колку што можете да издржите

Иако на прв поглед вежбата може да ви изгледа лесна, откако ќе почнете, ќе ја почувствувате вистинската тежина. Планкот ги топи масните наслаги околу стомакот, ги зацврстува мускулите на стомакот и задникот, и истовремено има одличен ефект врз дефинирањето на мускулите на рацете, нозете и рамената.

Тоа е сѐ што ни треба. За 28 дена ќе ги видите резултатите што ќе ве воодушеват. Дали го прифаќате предизвикот?

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

5 причини зошто треба да започнете со медитација

Медитацијата е пракса на умот и телото каде вниманието се насочува кон сегашната свесност,…